Nilay Kar
11 Јануари 2018•Ажурирај: 12 Јануари 2018
АНКАРА (АА) - Кривичниот суд во Анкара прогласи за виновни 28 лица поради поврзаност со терористичката организација ФЕТО и ги осуди на доживотен затвор, наведуваат судски извори, пренесува Anadolu Agency (AA).
Тринаесет лица се осудени на казна доживотен затвор под построги услови, а 15 на доживотна казна поради обид за заземање на зградата на Турк Телеком (Türk Telekom) во Истанбул за време на неуспешниот воен удар во јули во 2016 година.
На осудените, поради лишување лица од слобода им е изречена казна од вкупно 1 519 години, изјави неименувано официјално лице.
Терористичката оргнанизација ФЕТО, на чело со Фетула Ѓулен, стои зад обидот за соборување на демократски избраната власт во Турција, на 15 јули 2016 година, при што загинаа 250, а беа повредени околу 2.200 лица.
Терористичката организација ФЕТО во 1970-те години почна своите поданици да ги инфилтрира во безбедносните институции на Турција, така што во 1980-те години значително ги зајакна своите паралелни пирамиди во овие институции и во јули 2016 година изврши неуспешен обид за воен удар, со цел рушење на уставниот поредок и соборување на демократски избраната власт на Турција.