Fatih Hafız Mehmet
26 Ноември 2018•Ажурирај: 27 Ноември 2018
АНКАРА (АА) - Турција денес изрази загриженост поради вестите дека руската Војска отворила оган врз бродови на Украинската морнарица, при што се повредени членови на екипажот, пренесува Anadolu Agency (AA).
Турското Министерство за надворешни работи преку соопштение истакна дека Турција одблизу го следи развојот на настаните и растот на тензиите во Азовското Море и Керченскиот Проток.
Вчера, Русија заплени три брода на Украинската морнарица недалеку од полуостровот Крим во Азовското Море.
Русија соопшти дека бродовите го игнорирале повикот да сопрат на границата, што предизвикало акција на воените сили.
Украинската морнарица претходно ја обвини Русија за отворање оган врз нејзините воени бродови во близина на Крим, тврдејќи дека има повредени лица од екипажот и дека бродовите се запленети од страна на Русија.
Ескалацијата се случи по руското блокирање на Керченскиот Проток, единствениот премин кон Азовското Море, со поставување товарен брод под Кримскиот мост.