Mehmet Fatih Aslan
02 Јануари 2016•Ажурирај: 03 Јануари 2016
ШАНЛИУРФА (АА) - Во еден од шаторите во бегалската населба во Суруч во јужниот дел на Турција, се произведува облека, која се продава на домашниот и на странските пазари, јавува Anadolu Agency (АА).
Турската влада минатата година изгради бегалска населба со капацитет од 26.000 места за сириските бегалци кои се од Кобане, Сирија.
Бегалците имаат можност да присуствуваат на разни курсеви и обуки, каде стекнуваат знаења за различни занаети. Курсот за обработка на платното кој беше отворен пред три месеци е една од најпопуларните курсеви. Производите создадени во оваа работилница се пласираат на европскиот пазар.
"Во кампот за бегалци формиравме текстилна работилница. Во моментов имаме повеќе од 60 учесници на курсот. Работилницата се развива секој ден. Дневно се произведуваат и до илјада прачиња облека. Голем проблем за бегалците кои се тука е вишок на слободно време. Наутро кога ќе станат немаат каде да одат и немаат работа. Затоа, ние сакаме да им помогнеме да го искористат своето време да се стекнат со одредена професија и со тоа да се занимаваат во нивната земја. Покрај тоа, постојат текстилни работилници, фризери, музички работилници и курсеви за јазик. Досега на нашите курсеви присуствуваа повеќе од пет илјади Сиријци", рече локалниот гувернер кој смета дека е позитивно што бегалците имаат можност да се запознаат со трговијата и да заработат пари.
Директорот на установата која е во рамките на кампот за бегалците, вели дека работилницата се простира на површина од 600 квадратни метри и содржи повеќе од 100 различни машини.
"Посебен интерес покажуваат жените. Заработуваат и прават нешто корисно. Тие се многу задоволни со овој вид на работа" , рече Оздемир.
"Тука заработуваме. Пред работилницата немавме што да работиме. Многу сме задоволни со ова. Научив да работам на машините за шиење" , рече Мејса Решо, која ги посетува курсевите.