Halil Demir
11 Април 2018•Ажурирај: 12 Април 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Шестемина припадници на терористичката организација Фетула/паралелна државна структура, кои со операција на Националната разузнавачка служба на Турција (MIT) на Балканот, од Косово беа депортирани во Турција, изведени се пред Суд, јавува Anadolu Agency (AA).
Дирекцијата за борба против тероризам на истанбулската полиција, откако ги заврши испитувањата на Џихан Озкан, Кахраман Демирез, Хасан Хусејин Ѓунакан, Мустафа Ердем, Осман Каракаја и Јусуф Карабина, осомничените ги испрати на лекарски преглед.
По здравствената контрола, осомничените се испратени пред истанбулскиот Суд во Чаглајан.
МИТ во соработка со Разузнавачката служба на Косово, изведе операција по која, шестемина припадници на ФЕТО/ПДС по кои е издадена потерница, депортирани се во Турција.
Со предавањето на шестемина припадници на ФЕТО од Косово на Дирекцијата за борба против тероризам на истанбулската полиција, МИТ ѝ зададе голем удар на структурата на ФЕТО на Балканот.