Betül Yürük
21 Ноември 2018•Ажурирај: 22 Ноември 2018
ОБЕДИНЕТИ НАЦИИ (АА) - Постојаниот претставник на Турција во Обединетите нации (ОН) Феридун Синирлиоглу изјави дека се потребни реформи поради правото на вето што го имаат постојаните земји членки на Советот за безбедност на ОН, јавува Anadolu Agency (AA).
На седницата на Генералното собрание на ОН на тема „Правична застапеност и зголемување на бројот на членови во Советот за безбедност на ОН“, свое обраќање имаше постојаниот преставник на Турција во ОН, Синирлиоглу, истакнувајќи дека е потребна итна реформа во СБОН.
„Оваа привилегија земјите не ја користат за ништо друго освен за нивните национални интереси. Тоа го прави Советот за безбедност дисфункционален, неодговорен и недемократски, со што се поткопува довербата во ОН и нејзината мултилатералност. Доколку се зголеми бројот на избрани членови во Советот и доколку ја зголемиме веројатноста сите земји-членки на ОН да заземат место во Советот, тогаш СБОН ќе биде попрезентативен и поисполнителен“, рече Синирлиоглу.
Истакнувајќи дека реконструираниот Совет треба да е одраз на реалното време, Синирлиоглу рече „Потребно е да вложиме напори за реформи во Советот за безбедност, кој ќе биде огледало на современиот свет кој е во транзиција“.
Синирлиоглу изјави дека исходот од реформскиот процес не треба да создаде непроменливо, непрогресивно тело на ОН, и затоа е потребен сеопфатен, инклузивен пристап, кој нема да дозволи индивидуални национални интереси да бидат пред заедничките интереси.
Синирлиоглу подвлече дека е потребно резултатот од реформите да биде прифатен од сите земји-членки и истакна „Ова е единствен начин Советот за безбедност да биде попрезентативен, подемократски, поодговорен и поефикасен“.
- Инсистирањето на зголемувањето на бројот на постојани членки, го успорува реформскиот процес
Синирлиоглу рече дека инсистирањето за зголемување на бројот на постојани членки во Советот е една од главните причини за немање напредок во реформскиот процес. Тој истакна дека напорите за зголемување на бројот на постојани земји-членки со право на вето ги разоруваат дискусиите за реформите во Советот за безбедност.
Синирлиоглу рече дека несомнено, реформите во Советот се потребни поради право на вето што го имаат постојаните земји-членки, и токму поради тоа, многупати, Советот за безбедност не ја исполнил својата задача и навремено не интервенирал во кризите.
Синирлиоглу посочи дека доколку перформансот на земјите-членки е предмет на периодични избори, тогаш Советот за безбедност би бил поодговорен.
Советот за безбедност на ОН, како што посочи Синирлиоглу, е главен орган на ОН кој се грижи и е одговорен за заштитата на меѓународниот мир и безбедност, а негова задача и должност е исполнување на тоа.
Тој упати повик до сите земји-членки да покажат политичка волја и флексибилност кои ќе го олеснат периодот на реформи, додавајќи дека е дојдено време во реформскиот процес сите да работат заедно на еден конструктивен начин, со цел да се постигне најсеопфатниот можен договор.