Ekipa
21 Декември 2017•Ажурирај: 22 Декември 2017
АНКАРА (АА) - Обвинителството на Република Турција побара повеќекратни доживотни затворски казни за 60 од 103 обвинети лица во процесот познат како „28 февруари“.
Меѓу обвинетите за доживотен затвор се и поранешниот началник на Генералштабот на турската армија, пензионираниот генерал Исмаил Хаки Карадаjи и поранешен друг началник на истиот штаб, пензионираниот генерал Чевик Бир, јавува Anadolu Agency (AA).
Станува збор за процес кој се води во врска со одлуките на Советот за национална безбедност на Турција, кој на 28 февруари 1997 година донесе низа одлуки кои често се нарекуваат постмодерен воен удар на владата на тогашниот премиер на Турција, Неџметин Ербакан и на тогашната министерка за надворешни работи, Тансу Чилер.
Судењето против 103 обвинети лица започна во септември 2013 година.