İlkay Guder
16 Октомври 2017•Ажурирај: 16 Октомври 2017
АНКАРА (АА) - Советот за национална безбедност на Република Турција ја усвои препораката на турската Влада за продолжување на вонредната состојба во земјата на уште три месеци поради продолжување на ефективната борба против тероризмот, јавува Anadolu Agency (AA).
„Советот, на утринската седница ја разгледуваше вонредната состојба која е на сила поради борбата против сите терористички организации, вклучувајќи ги ФЕТО/ПЈД, ПКК/ПЈД-ЈПГ и ДЕАШ, и ја усвои препораката на Владата за продолжување на таа состојба поради продолжување на мерките за заштита на демократијата, правната држава, правата и слободите на граѓаните“, се наведува во одлуката на Советот, со кој утринава во Анкара претседаваше турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
Освен тоа, Советот за национална безбедност на Република Турција ја усвои препораката на турската Влада за затворање на воздушниот простор кон Регионалната курдска управа во северен Ирак и да почне да го контролира тамошниот граничен премин „Ибрахим Халил“ во соработка со ирачката влада.