Volkan Kaşik
23 Април 2018•Ажурирај: 24 Април 2018
МАЛАТИЈА (АА) - ВОЛКАН КАШИК -
Турција продолжува со интензивната борба против терористичката организација ДЕАШ чија мета често се цивилите, меѓу кои се наоѓаат деца и постари лица, пишува Anadolu Agency (AA).
Присутноста на ДЕАШ во Турција се почувствува во 2013 година, а во истата година е сместена и на листата на терористички организации. Откако терористите на таа организација го зазедоа Мосул, град во Ирак, 49 вработени на турскиот конзулат во тој град беа земени за заложници.

Бомбашките напади извршени на 20 јули 2015 година во подрачјето на Суруч, во турската област Шанлиурфа, и на 10 октомври 2015 година во Анкара се поврзуваат со ДЕАШ. Нападите на аеродромот „Ататурк“ следната година и свадбата во Газиантеп, во кои загинаа 58 лица, се поврзани со истата терористичка организација.
Безбедносните сили приведоа голем број припадници на терористичката организација, вклучувајќи странци, и запленија голема количина документи, оружје и муниција.
Пред турските судови се изведени членови на ДЕАШ, но и водачи на таа организација, а многу од нив се осудени на затворски казни.
Острата борба на Турција против терористичката организација ДЕАШ се гледа и преку офанзивата „Штитот на Еуфрат“ и операцијата „Маслинова гранка“ во Сирија.
Припадниците на безбедносните сили на Турција на 24 август 2016 година ја покренаа офанзивата „Штитот на Еуфрат“, во подрачјето на Џарабулус во покраината Алепо, Сирија. Офанзивата успешно е завршена на 29 март 2017 година.
За време не офанзивата неутрализирани се 3.060 припадници на ДЕАШ, од кои 2.647 се убиени. Ослободени се сириските подрачја Џарабулус, Раи, Дабик, Кабасин, Ал Баб и многу други.
Од 2013 година до 15 ноември 2017 година, затворени се 14 организации поврзани со терористичката организација ДЕАШ, додека на 53.871 лица им е забранет влез во Турција, а 5.540 лица се депортирани. Исто така, во тој период, во вкупно 838 акции организирани во Турција, неутрализирани се 146 припадници на ДЕАШ.
Извршена е контрола на 18.500 лица кои се обиделе да влезат во Турција, а од 5.041 од нив се вратени. Спречени се и десет терористички чинови.
Турските безбедносни сили приведоа 5.402 лица од кои 902 се уапсени.
Со цел продолжување на борбата против терористичките организации ПКК/КЏК/ПЈД-ЈПГ и ДЕАШ долж турската граница, Вооружените сили на Турција на 20 јануари во северозападна Сирија ја започнаа операцијата „Маслинова гранка“.
Од почетокот на операцијата неутрализирани се вкупно 4.157 терористи, уништени се 107 мини и 781 експлозив од рачна изработка.