Behçet Alkan
01 Октомври 2017•Ажурирај: 02 Октомври 2017
НЕВШЕХИР (АА) - Многу туристички дестинации во Турција, меѓу кои и Анталија и Истанбул, привлекуваат голем број на туристи од Истокот. Сепак, сѐ повеќе туристи, особено од Кина, покажуваат инетерес за „земјата со балони“ Кападокија.
Во Кина, меѓу 1 и 8 октомври се одбележува Националниот ден на Кина и празникот на есента, поради што многу државјани на таа земја одлучија да го посетат ова подрачје кое зрачи со својата уникатност.
Во Кападокија се спојуваат убавините на природата и историјата, формирајќи еден од најубавите пејсажи на светот. Додека геолошките движења формираа бели самовилски облаци, луѓето во текот на историјата оставија траги од сопствените цивилизации, градејќи куќи во карпите и претворајќи ги во ремек дела на цивилизацијатa.
Туристите од Кина најмногу се заинтересирани за возењето со балон, посетата на националниот парк Гореме и локалите во карпите, но и посета на подземните градови.
Според наводите на Јакуп Динлер, претседателот на Здружението на хотелиери и раководители на Кападокија, во првите десет дена од месец октомври очекуваат околу 15.000 туристи од Кина.
Динлер, како една од причините поради кои Кинезите се одлучуваат празниците да ги поминат во Кападокија, го наведе и топлото време. Тој додаде дека од 10 октомври се резервирани сите тури со возење со балони.
„Околу 80 отсто од туристите кои доаѓаат од Народна Република Кина сакаат да се возат со балон“, појасни Динлер.