АНКАРА (АА) – Во референдумска кампања која речиси два месеци се води во Турција, политичките партии и невладините организации преку огласи и телевизиски спотови во медиумите, ги презентираа своите гледишта за опцијата „ДА” и „НЕ”, обидувајќи се на тој начин да допрат до јавноста. Слична активност можеше да се забележи на плоштадите, каде двете опции со поставување на штандови се обидуваа да го привлечат вниманието на граѓаните, јавува Anadolu Agency (AA).
Турција утре на референдумот ќе се гласа за измена на 18 точки од Уставот на земјата. По одлуката за референдум, партиите кои ги застапуваат опциите „ДА” и „НЕ”, спроведоа напорна, речиси двомесечна референдумска кампања. Претседателот на АК партијата и премиер на Турција Бинали Јилдирим во текот на камапањата за запоснавање на граѓаните на Турција со уставните измени кои ги донесува изгласувањето на референдумот посети 51 област во земјата.
- Мирните кампањи се отсликаа и врз весниците и телевизијата
Мирното одвивање на кампањата се одслика и врз весниците и телевизиите канали.
Медиумските институции своите различни гледишта за референдумот и поддршката на опцијата „ДА” или „НЕ” ги отсликаа преку огласите и телевизиски спотови. На ист начин и невладините организации ги презентираа своите гледишта пред јавноста.
Партијата на правдата и развојот (АК Парти) Партијата на Национално движење (МХП) и Партијата на големо единство (ББП) водеа кампања „ДА” за референдумот, додека Републиканската народна партија (ЏХП), прокурдската Народна демократска партија (ХДП), партијата Саадет и одредени поранешни пратеници на МХП изразија свое противење на уставните промени.
Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган, премиерот Бинали Јилдирим, претседателот на МХП, Девлет Бахчели, во текот на кампањата се обраќаа на големи митинзи пред десетици илјади граѓани, додека лидерот на ЏХП Кемал Килиџдароглу, претежно говореше на собрири во сали.
Претседателот Ердоган во истанбулскиот кварт Саријер го посети штандот на ЏХП кој се залага за опцијата „НЕ” на референдумот, после што реагираше и лидерот на оваа партија, Киличдароглу, посетувајќи го штандот „ДА” во градот Газиантеп.
Слични пријателски средби и пораки на солидарност во текот на кампањата можеа да се приметат и меѓу граѓаните на улиците, но и на социјалните мрежи.
Маратонот на митинзи и промоции, подносителот на барањето за референдум, АК партијата го започна во февруари годинава. Премиерот Бинали Јилдирим својот маратон низ Турција го започна на 25 февруари со учеството на промоцијата на референдумот во спортската сала во Анкара, од каде веќе утредента замина во градот Кахраманказан, кој е еден од симболите на отпорот кој го оневозможи обидот за државен удар на 15 јули.
Премиерот Јилдирим во кампањата за запознавање на народот со уставните измени посети 51 област во Турција. За времена кампањата, турскиот премиер ги информираше граѓаните за деталите на уставните измени, придобивките кои ги носи новиот систем и инвестициските проекти кои досега се спроведени и кои се планираат.
Премиерот Јилдирим на митинзите во Анкара, Дијарбакир, Истанбул и Измир учестуваше заедно со претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган.
Митинзите и промоциите на опцијата „ДА” која ја спроведоа партиите АК и МХП поминаа во најдобар ред.
- Претседателот на ЏХП Киличдароглу посети повеќе од 40 области во Турција
Референдумска кампања имаше и претседателот на партијата ЏХП, Кемал Киличдароглу, кој во последниве два месеци учестуваше во промоцијата на кампањата за опцијата „НЕ” за престојниот референдум.
Киличдароглу за време на посетата на повеќе од 40 области во Турција, учестуваше во голем број активности поврзани со својата кампања за опцијата „НЕ”.
Киличдароглу својата кампања ја започна во Истанбул, од каде замина за Дијарбакир и посети четириесеттина области во земјата, истакнувајќи дека завршната програма ќе се одржи во Анкара.
Референдумските кампањи од двете страни се спроведуваат во најдобар ред, без инциденти и се очекува така да се одвива и гласањето на референдум во Турција.
Покрај митинзите и промоциите на претседателите на партиите, и пратениците на АК партија, ЏХП, МХП и ХДП водеа интензивни кампањи во изборните подрачја, посетувајќи ги градовите, селата и среќавајќи се со своите сограѓани.
Во голем број градови, двете опции го делеа простор на плоштадите, обидувајќи се на демократски начин да ги придобијат сограѓаните. Иако и двете опции се со различни гледишта, целиот тек на кампањата во Турција измина демократски, без инциденти кои би фрлиле сенка врз јавната безбедност.
- Досега во Турција се одржани 6 референдуми
Во досегашната историја на Турција се одржани 6 референдуми. На референдумите одржани во 1961, 1982, 1987, 2007 и 2010 година народот изгласа „ДА”, додека на референдумот одржан во 1988 година од избирачките кутиите излезе „НЕ”.
За воведување на претседателски систем и измена на 18 точки во Уставот на Република Турција, утре, 16 април ќе гласаат 55 милиони 319 илјади и 222 избирачи на 167.140 гласачки кутии, додека во затвотите низ Турција ќе бидат поставени 461 гласачки кутии.
Државната изборна комисија на Турција преку својот интернет сајт „www.ysk.gov.tr” на гласачите им овозможува да проверат на кое изборно место можат да го искористат своето право.
- Термини за гласање
Избирачите од источниот дел на државата ќе гласаат во периодот од 7 до 16 часот, додека за останатите области во Турција, ќе се гласа од 8 до 17 часот.
- Во избирачките одбори членови можат да дадат 10 политички партии
Според 23. член од Основните одредби на законот за избори и гласачки листи, во изборните одбори на гласачките места свои членови можат да дадат 10 политички партии.
Покрај АК партијата, ЏХП, ХДП и МХП, свои членови можат да имаат и партиите Татковинска, Партија за независна Турција, Партија за големо единство, Партија на среќата, партија за неограничени слободи, Патриотска партија.
- За што гласа Турција?
Референдумот во Турција се однесува за измена на 18 точки во Уставот на земјата, меѓу кои се наоѓаат воведување на претседателски систем во Турција, бројот на пратеници од 550 да се покачи на 600 и при изборот на пратеници, границата на возраст се симнува од 25 на 18 години.
Општите избори и изборот на претседател на Турција ќе се спроведуваат секои 5 години во исти ден, а избраниот претседател на државата нема да ja прекине својата поврзаност со матичната партија.
Претседателски кандидат ќе можат да предложат партиите или група политички партии кои на последните избори освоиле најмалку 5 отсто од гласовите или ќе бидат поддржани од најмалку 100.000 избирачи.
Доколку постои тврдење дека претседателот на државата извршил некаков криминал, тогаш членовите на Големото народно собрание на Турција со општо мнозинство ќе можат да изгласаат поведување на истрага.
Претседателските соработници и министри ги бира претседателот и истите ќе бидат разрешени од негова страна. Формирањето и укинувањето на министерствата, должностите и ингиренциите, организациската структура, воспоставување на централни и провинциски институции, ќе бидат регулирани со претседателски декрет.
Нови избори парламентот ќе може да распише доколку за тоа гласаат 3/5 од пратениците.
Доколку претседателството донесе одлука за предвремени избори, тогаш истовремено ќе се спроведат и општи и претседателски избори.
Бројот на членови во Уставниот суд се намалува од 17 на 15. По вториот мандат на претседателот, со одлука на Парламентот, претседателот ќе можа да се кандидира уште еднаш.
Следните општи и претседателски избори во Турција ќе се одржат на 3 ноември 2019 година.
news_share_descriptionsubscription_contact
