Uğur Aslanhan
27 Април 2016•Ажурирај: 27 Април 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Оваа година на Релито на мирот, кое се организира по 11-ти пат, ќе учествуваат 600 натпреварувачи со 300 возила од 20 земји и во име на мирот ќе поминат 11.500 километри, јавува Anadolu Agency (AA).
Релито кое се организира под покровителство на Министерството за Европска унија со поддршка на Турската амбасада во Берлин, започнува на 30-ти април од градот Обершауфен во Баварската германска покраина.
Релито чии основни мотиви се пријателството и мирот ќе биде организирано во две етапи и натпреварувачите ќе треба да зминат пат долг 11.500 км. Првата етапа започнува од Германија, преку Австрија, Италија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија, Македонија, Бугарија завршува во Турција.
Втората етапа ќе започне во Истанбул ќе се вози низ 45 града ширум Турција и ќе заврши во градот Дајлан.