Adel Ömeragiç
17 Октомври 2016•Ажурирај: 18 Октомври 2016
ПОДГОРИЦА (АА) - За сите дваесет српски државјани кои беа уапсени под сомнение за создавање криминална и терористичка организација, определен е притвор до 72 часа. Сите тие се слушнани во текот на вчерашниот ден во Специјалното обвинителство на Црна Гора, јавува Anadolu Agency (AA).
Осомничениот водач на групата, поранешниот шеф на српската жандармерија, Братислав Дикиќ, бил испрашуван до 23 часот и 30 минути.
Од канцеларијата на Специјалното државно обвинителство вчера беше соопштено дека за 20-те уапсени граѓани на Србија постои основа за сомневање оти сториле кривично дело – создавање криминална организација со намера за кривично дело тероризам.
„Постојат основани сомневања дека во почетокот на октомври, во Србија и Црна Гора е формирана криминална организација, со цел да се влијае на законодавната и извршната власт во Црна Гора. Постои сомневање дека планот на организацијата бил во времето на прогласување на резултатите од парламентарните избори, со употреба на оружје, да ги нападнат собраните граѓани пред Парламентот на Црна Гора и службениците на полицијата, а потоа да ги заземат просториите на Собранието, со намера да се прогласи победа на изборите на одредени политички партии“, беше соопштено вчера од обвинителството на Црна Гора.