Meryem Göktaş
30 Август 2017•Ажурирај: 30 Август 2017
АНКАРА/ЏАКАРТА (АА) - Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, денес разговарал со своите колеги министри од Катар, Индонезија и од Малезија во врска со насилствата во Аракан, Мјанмар, во кои се убиени и раселени голем број на Рохинџa муслимани, јавува Anadolu Agency (AA).
Според дипломатски извори, кои сакаа да останат анонимни, Чавушоглу одржал одделни телефонски разговори со катарскиот министер за надворешни работи Мохамед Бин Абдулрахман Ал-Тани, со индонезискиската министерка за надворешни работи, Ретно Марсуди, и малезискиот министер за надворешни работи, Анифа Аман.
Чавушоглу со своите колеги разговарал за неодамнешните случувања во мјанмарската држава Аракан, додадоа изворите.
Индонезиската министерка за надворешни работи на прес-конференција денес изјави дека Индонезија и Турција се согласиле да му пријдат на прашањето за употреба на насилство во Аракан, преку еден конструктивен ангажман.
„Важно е да се даде приоритет дека ова е хуманитарна катастрофа која вклучува цивили“, рече Марсуди.
Смртоносните напади врз граничните премини во државата Аракан во Мјанмар избувнаа во петокот, во коишто загинаа еден војник, 10 полицајци, имиграцискии претставник и 77 милитанти, според Канцеларијата на Аунг Сан Су Кји.
Во медиумите се појавија тврдења дека безбедносните сили на Мјанмар користеле несразмерна сила и раселиле илјадници Рохинџа муслимани, уништувајќи им ги куќите со минофрлачи и митралези.
Тензиите меѓу будистите и муслиманите се присутни во регионот по избувнувањето на општото насилство во 2012 година.