Tevfik Durul
06 Декември 2018•Ажурирај: 06 Декември 2018
МИЛАНО (АА) - Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавуоглу, реализираше билатерални средби во рамки на 25. состанок на Советот на министри на Организацијата за безбедност и соработка на Европа (ОБСЕ) во италијанскиот град Милано, јавува Anadolu Agency (AA).
Првата сесија од 25. состанок заврши со тркалезната маса на која делегатите имаа свои обраќања.
Шефот на турската дипломатија во овие рамки реализираше билатерални средби со министерот за надворешни работи на Киргистан, Чингиз Ајдарбеков, министерот за надворешни работи на Белорусија, Владимир Макеи, министерот за надворешни работи на Данска, Андерс Семјуелсен, вицепремиерот и министер за надворешни работи на Белгија, Дидиер Рејндерс, претставникот за слобода на медиумите на ОБСЕ, Харлем Десир, претседателот на Парламентарното собрание на ОБСЕ, Џорџ Церетели, и со министерката за надворешни работи на Австрија, Карин Кнеисл.
Состанокот ќе продолжи со втората сесија на денот.
За време на дводневниот состанок ќе се разговара за актуелните закани и предизвици со кои се соочува регионот на ОБСЕ и ќе се разменат мислења за тоа како може да се даде одговор за нив.
На состанокот во кој се дискутира за актуелните теми, меѓу прашањето за Нагорно Карабах, за судирите во Украина и за подрачјето Донбас, учествуваат министрите за надворешни работи на 44 земји, заменик-министрите за надворешни работи на 11 земји и 10 претставници на меѓународните организации.