Ekip
06 Јули 2018•Ажурирај: 07 Јули 2018
АНКАРА (АА) - Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, истакна дека Турција дава целосна поддршка за интеграцијата на Македонија во НАТО, јавува Anadolu Agency (AA).
Шефот на турската дипломатија беше гостин на уредничкиот деск на АА, каде разговараше околу актуелните теми во светот.
Чавушоглу нагласи дека проширувањето на Алијансата е многу важно.
„Турција дава целосна поддршка на Македонија, Босна и Херцеговина и Грузија, особено за нивната интеграција во НАТО. Ќе продолжиме со инсистирање во оваа насока“, додаде тој.
Инаку, Самитот на НАТО ќе се одржи на 11 и 12 јули оваа година во Брисел, а премиерот на Република Македонија, Зоран Заев, претходно рече дека се очекува Македонија да добие покана за членство во НАТО.