Bekim Laci
20 Февруари 2016•Ажурирај: 22 Февруари 2016
СКОПЈЕ (АА) - Градоначалникот на општина Чаир, Изет Меџити и директорот на ЈП "Комунална хигиена" Ракип Дочи, денес го промовира новото возило за чистење на улиците, кое е донација од страна на турската општина Бурса, јавува Anadolu Agency (AA).
"Камионот е мултифункционален, бидејќи може да измие улици, да собира лисја, додека во зима исто така може да чисти снег", изјави градоначалникот на Чаир, Изет Меџити.
Меџити информираше дека камионот е донација од општина Бурса. Тој му се заблагодари на градоначалникот на Бурса, Реџеп Aлтепе објаснувајќи дека донацијата е во согласност со соработката на двете институции.
Директорот на ЈП "Комунална хигиена" Ракип Дочи, рече дека камионот ќе биде од голема помош за општина Чаир во однос на одржување на животната средина, бидејќи тој е наменет за употреба само на патиштата во рамките на општината. Според чаирскиот градоначелник Меџити, вредноста на камионот е околу 10 милиони денари.