Ekipa
02 Ноември 2017•Ажурирај: 03 Ноември 2017
МАДРИД (АА) - Шпанскиот обвинител побара од Националниот суд да издаде меѓународна потерница за сменетиот каталонски претседател и четворицата членови на регионалната влада, јавува Anadolu Agency (AA).
Обвинителот денес поднесе барање до истражната судијка Кармен Ламела, откако поранешниот каталонски претседател Карлес Пучдемон не се појави пред мадридскиот суд на сослушувањето во истрагата за бунтот, по едностраното прогласување независност на Каталонија од Шпанија.
Пучдемон и неколку регионални министри отидоа во Брисел, откако прогласија декларација за сецесијата.
Претходно во текот на денот, судијката испита девет поранешни министри на каталонската Влада, а обвинителот побара осум од нив да се осудат безусловно, додека на еден министер му беше понудена можноста да плати кауција.