Ekipa
11 Октомври 2017•Ажурирај: 11 Октомври 2017
МАДРИД (АА) - Шпанската влада ќе одржи итна седница на којашто ќе расправа за следните чекори кои би го сопреле продолжувањето на патот кон прогласување независност на североисточниот регион Каталонија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Седницата ќе се одржи откако калонскиот претседател, Карлес Пучдемон, во обраќањето пред регионалниот парламент претходниот ден рече дека ќе продолжи со сецесијата, но дека привремено ја суспендира одлуката поради олеснување на преговорите.
Шпанија одговори велејќи дека декларацијата е неприфатлива, додавајќи дека таа е заснована на неважечки референдум за независност.
Шпанскиот премиер Маријано Рахој подоцна, во текот на денот, ќе се појави пред државниот парламент за да присуствува на расправата за референдумот и ги извести пратениците во врска со тоа какви се понатамошните планови.