Kemal Karadağ
30 Јуни 2017•Ажурирај: 01 Јули 2017
АНКАРА (АА) - Премиерот на Турција, Бинали Јилдирим изјави дека оваа земја е еден од најважните фактори што го спречија проширувањето на прокото на бегалците кон Европа, како и дека Турција ја осигурува безбедноста на Балканот и на Европската унија (ЕУ), јавува Anadolu Agency (AA).
„Турција преку својата местоположба е земја што ја осигурува не само безбедноста на Балканот, туку и на Европската Унија. Може слободно да се каже дека Турција е еден од најважните фактори што го спречија проширувањето на протокот на бегалците кон Европа, особено оној што е последица од војната што се води на Средниот Исток и хаосот што таа војна го предизвика во регионот. Но не може да се каже дека нашите европски пријатели тоа многу го ценат“, рече Јилдирим.