Ekipa
29 Март 2017•Ажурирај: 30 Март 2017
ДЕТРОИТ (АА) – „Форд“ повлекува повеќе од 440.000 возила во Северна Америка за да се реши проблемот што може да предизвика пожар и да доведе до неочекувано отворање на хаубата на моторот, јавува Anadolu Agency (AA).
Првото повлекување опфаќа повеќе од 230.000 возила, меѓу кои се моделите „ескејп“, „фиеста СT“, „фјужн“ и „транзит конект“со 1,6 литарски турбомотор, произведен во период од 2013 до 2015 година.
Од компанијата велат дека кај споменатите возила, моторите би можеле да прегреат, што може доведе до тоа да пукне главата на цилиндарот и да истече нафтата, која може да се запали. „Форд“ засега доби 29 извештаи за пожар, но за среќа, нема повредени.
Се додава дека сопствениците можат да продолжат да ги возат своите возила, но да се обратат кај дилерите доколку моторот се прегрева или е често неопходно да се става течност за ладење.
Од „Форд“ додаваат дека другото повлекување се однесува на 211.000 возила „фиеста“ од 2014 година, и „фјужн“ и „линколн МКЗ“ од 2013 и од 2014 година. Компанијата ги повика сопствениците да ги посетат дилерите за да им ги заменат безбедносните куки за хаубата на моторот.