Murat Paksoy
12 Ноември 2017•Ажурирај: 13 Ноември 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Во рамките на проектот во врска со биолошкиот диверзитет реализиран од страна на турското Министерство за шумарство и водостопанство, во Истанбул е откриен нов вид на ендемично растение кое е именувано како Истанбулски кромид (Allium istanbulenese), пренесува Anadolu Agency (AA).
Во писменото соопштение на Министерството за шумарство и водостопанство на Турција се наведува дека откриениот вид на ендемичното растение исто така претставува едно ново откритие и за светската литература.
Откритието е реализирано во рамите на „Проектот за инвентаризирање и мониторирање на биодиверзитетот (УБЕНИС), додека констатирано е дека новиот вид на ендемичното растение Истанбулски кромид, не наликува на ниту еден пример од расата „Allium“ собиран за време на бидиверзитетските студии во земјата. Овој вид е и научно дефиниран, а во светската литература е именуван како „Allium istanbulenese“.
Со ова отритие бројот на ендемични видови во Истанбул се искачи на 54.
Во соопштението на Министерството за шумарство и водостопанство е цитиран и Министерот Вејсел Ероглу, кој вели дека Турција е една мошне богата земја во однос на ендемичните видови.
„Со проектот УБЕНИС (UBENIS) започнат во 2013 година, до сега реализиравме студии во 33 области во земјата. Кон крајот на оваа година ќе ги завршиme студиите и во 21 другa област, вклучувајќи го и Истанбул. Кога ќе завршат студиите во сите наши области, ќе подготвиме една биодиверзитетска карта на Турција“, додаде Ероглу.