Sümeyye Dilara Dinçer
03 Септември 2021•Ажурирај: 04 Септември 2021
АНКАРА (АА) - Група научници спровеле студија која го испитува затоплувањето на Арктикот поради климатските промени и влијанието на тој ефект врз зимската сезона и во Северна Америка и во Источна Азија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста што ја објави „Би-Би-Си“ (BBC), истражувањето открива дека топењето на мразот во Баренцовото Море и Карското Море предизвикува зголемени снежни врнежи над Сибир и прекумерен пренос на енергија што влијае на ветровите што се вртат во стратосферата над Северниот Пол.
Во студијата се наведува дека затоплувањето што е присутно на Арктикот, го нарушува движењето на кружниот модел на протокот на ветер, познат како „Поларен вител“.
На тој начин, затоплувањето предизвикува развлекување на вителот, што овозможува екстремно студениот воздух да стигне до Соединетите Американски Држави (САД).
Експертите сметаат дека процесот на истегнување на овој вител во природната струја го предизвикал смртоносниот студен бран што го зафати Тексас во февруари оваа година.
Тие нагласија дека посуровата зимска сезона во некои делови на САД е поврзана со затоплувањето на Арктикот.