Mustafa Deveci,Emre Aytekin
12 Јануари 2018•Ажурирај: 13 Јануари 2018
АНКАРА (AA) - Индија успешно го лансираше 100-ти сателит во вселена, јавува Anadolu Agency
Според изештаите на локалните медиуми, индискиот центар за вселенски истражувања (ISRO) ја лансира ракетата со 31 сателит, вклучувајќи го и сателитот за набљудување Cartosat-2, од вселенскиот центар Сатиш Даван во индиската сојузна држава Андра Прадеш, на југот на земјата.
Три сателити во ракетата наречена „Polar Satellite Launch Vehicle“ (PSLV-C40) ѝ припаѓаат на Индија, додека останатите им припаѓаат на САД, Канада, Англија, Франција, Финска и Јужна Кореја.
Вкупната тежина на сателитите е регистрирана на 710 килограми кои треба да се користат при развој на апликации за локација и географски информациски систем.
Ракетата, сателитите ќе ги распореди на две одделни орбити.
Индискиот премиер Нарендра Моди го честиташе лансирањето на ИСРО, велејќи дека тоа е знак за светла иднина на индиската вселенска програма.
Ракетата на ИСРО која носеше 8 сателитите, изминатиот август не беа лансирана поради технички причини.
Во јуни 2016 година, ИСРО лансира ракета која во орбитата постави 20 сателити.
Русија го држи рекордот како земја којашто успеала со лансирање на една ракета во орбитата да испрати најголем број сателити одеднаш. Во јуни 2014 година Русија во вселената во една мисија успеа да испрати 37 сателити.