Umur Koçak Semiz
16 Мај 2017•Ажурирај: 17 Мај 2017
АНКАРА (АА) - Едно осумнаесетгодишно момче го направи најмалиот сателит во светот, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според вестите на локалните медиуми, сателитот со тежина од 64 грама е направен од страна на Рифат Шарук, кој живее во градот Палапати, во сојузната индиска држава Тамил Наду, а тој победи на натпреварот „Коцки во вселената“ на Американската национална администрација за аеронаутика и вселена (НАСА) и İDoodle (АјДудл).
Шарук истакна дека сателитот направен од полимер со јаглеродни влакна, го именувал „KalamSat“ (КаламСат), инспириран од Абдул Калам, 11. претседател на Индија, а воедно и вселенски инженер.
Шарук е ученик во четврта година средно образование. Тој нагласи дека на 21 јуни неговиот сателит ќе биде испратен во орбитата од страна на НАСА. „'KalamSat', кој во орбитата ќе остане четири часа, има осум вградени сензори коишто ќе направат мерења во врска со брзината, ротирањето и магнетосферата на Земјата“, додаде Шарук.
Меѓу другото, на 15-годишна возраст Шарук победи со проектот хелиумски балон и на еден натпревар во својата земја.