Gökhan Ergöçün
26 Октомври 2019•Ажурирај: 27 Октомври 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Водечкиот настан од областа на технологијата во Турција, „Smart Future World Expo 2019“, ќе започне во Истанбул следната недела, јавува Anadolu Agency (AA).
На настанот, кој ќе се одржи на 30 и 31 октомври во Конгресниот центар во Истанбул, ќе присуствуваат високи официјални претставници, експерти и претставници од светот на бизнисот и технологијата.
Под називот „Дигитално СМЕ Движење“, четвртото издание на саемот ќе се фокусира на идните технологии и нивниот ефект врз градовите и индустриите.
Турската министерка за трговија, Рухсар Пекџан, министерот за индустрија и технологија, Мустафа Варанк, и министерот за енергетика и природни ресурси, Фатих Донмез, се очекува да одржат говори на „Smart Future World Expo 2019“.
Говорниците на околу 25 сесии ќе говорат за повеќе теми, вклучувајќи ги и обемните податоци, дигиталната трансформација, енергетиката, истражувањето и развојот, вештачката интелигенција, блокчеин, за Интернетот на нештата (IoT) и паметните градови.
Настанот ќе биде во организација на Стопанската комора на Истанбул и Асоцијацијата на извозници на електроника и електронски услуги.
Експото ќе биде поддржано и од Генералниот конзулат на Шведска, турското Министерство за индустрија и технологија и Министерството за енергетика и природни ресурси.