Riyaz Khaliq Khaliq
26 Јануари 2022•Ажурирај: 28 Јануари 2022
ПЕКИНГ (АА) - Кина во вселената го испрати својот најголем сателит за набљудување на копно, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Јавниот емитер ЦГТН (CGTN) објави дека Кина лансирала сателит кој ќе се користи за набљудување на геолошката средина, свлечиштата и земјотресите.
Прво беше лансирана ракетата „Лонг марч-4Ц“ за да постави нов сателит во вселената. Ракетата беше лансирана во 7:44 часот по локално време од Центарот за лансирање на сателити „Џиукван“, во северозападна Кина.
Сателитот Л-САР 01A набрзо беше лансиран во претходно поставена орбита.
„Ова го одбележа и 407. лет на ракетата носач „Лонг марч““, истакна кинескиот јавен сервис ЦГТН.