Shafiq Ahmad Qureshi
15 Јануари 2023•Ажурирај: 17 Јануари 2023
Кина лансираше 14 нови сателити во вселената со ракета „Лонг Марч-2Д“, објавија официјалните медиуми, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Ракетата беше лансирана од центарот за лансирање на сателити „Таијуан“ во северната кинеска покраина Шанси во 11:14 часот по локално време, соопшти државната новинска агенција „Синхуа“.
Сателитите, вклучувајќи ги „Чјилу-2“ и „Чјилу-3“, успешно влегоа во планираните орбити.
Според агенцијата, ова била 462. мисија со помош на ракети „Лонг Марч“.