Riyaz Khaliq
20 Февруари 2020•Ажурирај: 24 Февруари 2020
АНКАРА
Кина денес со една ракета во вселената лансираше четири технолошки сателити за експериментирање, јавуваат локалните медиуми, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Носечката ракета ‘Лонг марш 2Д’, која ги носи сателите, беше лансирана во вселената од сателитскиот Центар за лансирање „Шјичанг“ околу 05:07 часот по локално време“, јавува кинеската телевизиска мрежа КГТН (CGTN).
Сателитите именувани Ц, Д, Е и Ф ќе спроведат експерименти во технологијата за набљудување на земјата.
Според кинеската телевизиска мрежа, истражувачите откриле дека сателитите непречено влегле во планираната орбита и дека „мисијата е успешна“.
Ова беше 326. мисија на вселенско летање на серијата „Лонг марш“.
Кинеската новинска агенција „Синхуа“ јавува дека минатиот септември Кина го лансирала сателитот „Јунхаи-1 02“ за откривање на атмосферската и поморска средина и на вселенското опкружување, како и за контрола на катастрофи и други научни експерименти.