Zehra Ulucak
24 Март 2019•Ажурирај: 26 Март 2019
АНКАРА (АА) - Во близина на реката Даншуи во кинеската покраина Хубеј откриени се илјадници фосили за кои се претпоставува дека се стари 518 милиони години, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според веста на „Би-би-си“ (BBC), научниците истакнуваат дека се откриени илјадници фосили за кои се претпоставува дека се стари 518 години. Се вели дека меките ткива како кожа, око и внатрешни органи, на некои суштества чии фосили се откриени, се добро заштитени.
Палеонтолозите велат дека над половина од овие фосили им припаѓаат на видови фосили кои претходно не биле откриени.
Во овој регион се собрани над 20.000 примероци на фосили. Досега се испитани 4.351 примерок, меѓу кои се наоѓаат фосили на медуза, морски анемони и алги.
Новинската агенција „Синхуа“ информираше дека овие 4.351 примерок на фосили им припаѓаат на 109 видови живи суштества, од кои 53 отсто им припаѓаат на видови фосили кои претходно не биле дефинирани.
Се претпоставува дека фосилите датираат од периодот на Кембриската експлозија, кој започнал пред 541 милион години.
Деталите околу новооткриените фосили се објавени во списанието „Сајанс“ („Science“).