Emre Aytekin
06 Октомври 2021•Ажурирај: 07 Октомври 2021
ПЕКИНГ (АА) - Кинеските орбитер и ровер ги прекинаа истражувањата на Марс од средината на септември поради „прекин на сончево зрачење“, објави денеска Кинеската национална вселенска управа, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Се наведува дека терминот „прекин на сончево зрачење“ се однесува на ситуацијата кога Марс и Земјата се движат на двете страни од Сонцето и се речиси совршено усогласени. Во овој период, комуникациите помеѓу двете планети е нарушена поради зголеменото сончево електромагнетно зрачење.
Прекинот ќе трае до средината на октомври.
Кинеската мисија „Тианвен-1“ беше лансирана на 23 јули 2020 година, а роверот пристигна на Црвената Планета на 10 февруари 2021 година.
„Тианвен“, што од кинески јазик значи „Небесни прашања“ или „Прашања до рајот“, своето име го носи од стих на кинескиот поет Ку Јуан, кој живеел во 4 век пр.н.е. Роверот Марс, сепак, е именуван по Журонг, богот на огнот и војната во кинеската митологија.
Кина се појавува како нова сила во вселенската трка предводена од САД и Русија со своите амбициозни чекори кон истражувачки мисии на Месечината и Марс, сателитска технологија и вселенски експедиции со екипаж во последниве години.
Кина, која постигна сериозен напредок во развојот на сопствената вселенска програма со сателити, ракети, шатлови, извидувачки возила и друга опрема што ја произведе во изминатите 20 години, работи на воспоставување сопствена вселенска станица, покрај програмата за истражување на Месечината „Чанг’е-1“.