Ekipa
05 Јули 2017•Ажурирај: 07 Јули 2017
ХАВАНА (АА) - Американските и кубанските научници правејќи испитувања на коралниот гребен во водите недалеку од Куба, откриле голем број на отровна морска риба, таканаречена риба-лав, потоа јата скапоцени скуши, како и разни видови на алги и сунѓери, јавува Anadolu Agency (AA).
Патриција Гонзалез, од Центарот за морски истражувања на Универзитетот во Хавана, изјави дека во рамките на истражувањето пронајдени се голем број нови видови алги и сунѓери.
Инаку, заедничките истражувања на научниците од Куба и од САД станаа возможни пред две години, откако тогашниот американски претседател Барак Обама и кубанскиот претседател Раул Кастро го започнаа процесот на нормализација на односите меѓу двете земји.
Во рамките на заедничкото истражување, со специјална опрема е снимен коралниот гребен на длабочина од 60 метри.
Научниците веруваат дека ќе продолжат заедничките истражувања иако новиот претседател на САД, Доналд Трамп, ја менува политиката на земјата кон комунистичките држави, првенствено кон Куба.