Gamze Türkoğlu Oğuz
11 Септември 2018•Ажурирај: 12 Септември 2018
АНКАРА (АА) – НАСА, Националната агенција за аеронаутика и вселена на САД, планира за астронаутите да изгради вселенска станица на орбитата на Месечината, пренесува Anadolu Agency (AA).
Првиот дел од станицата, именувана како Лунарна орбитална платформа – Главна порта, со тежина од 55 тона, ќе биде испратена во 2022 година, а веднаш потоа, во орбитата на Земјиниот сателит ќе бидат испратени преостанатите делови, како што се роботската рака, модулот во кој ќе биде сместен екипажот и воздушната брава, пишува Space.com.
При изградбата на вселенската станица и при посетите на Главната порта, се очекува да се користи вселенската капсула Орион која сѐ уште е во развојна фаза и мега-ракетата СЛС (SLS).
- Вселенската станица неколку години по 2022 година ќе им биде домаќин на астронаутите
Одговорните од НАСА истакнуваат дека Главната порта ќе биде подготвена да им биде домаќин на астронаутите неколку години по 2022 година.
Во станицата што ќе се постави во орбитата на Месечината, нема да има толку широк простор за екипажот како што имаше во Меѓународната вселенска станица.
- Ќе може да биде домаќин на 4 астронаути истовремено
Според плановите, животниот простор во Главната порта ќе изнесува најмалку 55 метри кубни, и во исто време ќе може да прими четворица астронаути. Животниот простор во Меѓународната вселенска станица изнесуваше 388 кубни метри.
Станицата која се планира да биде изградена во орбитата на Месечината, се очекува да овозможи комерцијални и научни истражувања на сателитот.