Gamze Türkoğlu Oğuz
05 Октомври 2022•Ажурирај: 06 Октомври 2022
СТОКХОЛМ (АА) – Американката Каролин Р. Бертоци, Данецот Мортен Мелдал и Американецот К. Бери Шарплес се добитници на овогодишната Нобелова награда за хемија, јавува Агенција Анадолија (АА).
На прес-конференцијата одржана во Кралската шведска академија на науките, соопштено е дека Бертоци, Мелдал и Шарплес се прогласени за заслужни за наградата за развој на клик хемијата и биоортогоналната хемија.
Истакнато е дека клик хемијата за и биоортогоналната хемија ја воведоа науката за хемијата во нова ера на функционализам.
Наведено е дека биоортогоналните реакции на Бертоци се одвиваат без нарушување на нормалната хемија на клетката и дека придонесуваат за целни третмани за рак, што е само едно од бројните полиња за нивна употреба.
Беше кажано дека Шарплес и Мелдал ги поставиле темелите на клик хемијата, односно функционалната форма на хемијата.