Tolga Yanık
08 Август 2019•Ажурирај: 10 Август 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Производителот на паметни телефони OPPO, приколка претвори во современ футуристички мобилен хотел и во Австралија ја промовираше како прв светски хотел со 5Г-мрежа, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението од OPPO се истакнува дека компанијата, со една изненадувачка иницијатива за љубителите на технологијата и патувањата во Австралија, го промовираше првиот светски хотел со 5Г-мрежа.
Мобилниот хотел, изграден со паметен телефон „Рено 5Г“ на OPPO и можностите за 5Г-мрежа, првите туристи ги угости во Домот на уметноста (HOTA) во градот Гоулд Коуст во Австралија.
Компанијата со првиот светски хотелски проект „5Г“, опремен со најнова технологија, има за цел да покаже што можe да се направи со 5Г-технологијата.
5Г хотелот во Австралија, патувајќи помеѓу локациите кои ја поддржуваат 5Г-технологијата, на љубителите на патувањето и технологијата им овозможува да се запознаат со различни искуства.
- Паметно огледало, зголемена реалност и многу апликации -
Хотелот со 5Г-технологија има единечна луксузна спална соба и може да се резервира за 150 долари за една вечер, за две лица во текот на август. Надворешниот дел на елегантниот хотел е со црна мат-боја, а внатре апликациите работат на минимален допир.
Првиот светски хотел со 5Г-технологија ги има следните карактеристики:
„Паметното огледало нуди многу повеќе од тоа што гостите можат да очекуваат од огледало. Со таа карактеристика гостите можат да ги гледаат најновите вести, да ги следат најновите случувања во берзата на акции, да читаат весници, да гледаат филмови или да прават селфи од огледалото. Со пакетот за игри, гостите можат да искусат висококвалитетен компјутер за игри. Гостите, покрај тоа што можат да играат игри на компјутер, со паметниот телефон „Рено 5Г“ имаат пристап и до библиотеката за игри.“
Покрај тоа, хотелот „5Г“ ги нуди следните активности:
„Гостите, користејќи ја функцијата за давање звучни наредби, можат да го вклучат осветлувањето во хотелот, да ги слушаат своите омилени песни на „Јутјуб“, или да пребаруваат на „Гугл“. Со искуството на зголемена реалност гостите со апликациите од паметниот телефон имаат можност да стигнат до гардероба и да пробаат различни видови облека. Исто така, гостите своите омилени филмови и серии можат да ги гледаат со брзината на 5Г-мрежата. Гледањето на една од најемотивните серии на „Нетфликс“ на широк екран во придружба со кафе е една од активностите кои ги нуди хотелот.“