Ossama Elshamy
18 Јануари 2016•Ажурирај: 19 Јануари 2016
КАРАЧИ (АА) - Пакистан од денеска има повторно пристап до веб-сајтот за споделување на видео содржини "YouTube", по тригодишно суспендирање на услугите, јавува Anadolu Agency (АА).
Пакистанските власти во целата земја го блокираа пристапот до "YouTube" во 2012 година, поради прикажување на богохулни содржини.
Суспензијата на интернет каналот сега е одблокирана, откако пакистанската влада постигна договор со "Google", најголемиот интернет пребарувач и сопственик на "YouTube". Според пакистанските медиуми, на земјата сега и е на располагање "пакистанската верзија" на YouTube.
Пакистан прв пат го блокира пристапот до YouTube на период од една година во 2007 година, поради, како што се опишува "не-исламските снимки" на тој канал.
Потоа, сајтот е блокиран повторно во 2007 година, кога на таа веб страница беше покренат натпревар за цртање на пророкот Мухамед.