Emel Öz Gözellik
25 Јуни 2018•Ажурирај: 26 Јуни 2018
АНКАРА (АА) - Институтот за науки на океаните при Универзитетот „Род Ајланд“ спроведува истражување во кое е откриено дека под глечерите на островот Пајн постои извор на вулканска активност, пренесува Anadolu Agency (AA).
Брајс Лус од Институтот за науки на океаните, истакна дека за време на истражувачката експедиција на островот Пајн Ајланд на Антарктикот во 2014 година, се земени голем број примероци од глечерите и океанот, обидувајќи се да ја откријат причината за топењето на глечерите.
Лус изјави дека кај земените примероци e откриена голема концентрација на инертниот гас хелиум-3, додавајќи дека тоа посочува на вулканско откритие.
Научникот Лус истакна дека во вакви подрачја не е возможно да се забележат вукланската топлина и дим, бидејќи вулканот се наоѓа со километри под глечерите.
Резултатите од истражувањето се објавени во списанието „Nature Communications“.