Abdulselam Durdak
06 Јануари 2022•Ажурирај: 07 Јануари 2022
ИСТАНБУЛ
Првиот турски автомобил ТОГГ е изложен на најголемиот светски Саем за потрошувачка електроника „CES 2022“ во Лас Вегас во САД, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението од администрацијата на ТОГГ се вели дека концептот на првиот турски домашен автомобил во Турција е покренат за да се создаде глобален бренд чија интелектуална и индустриска сопственост е 100 отсто во сопственост на Турција и кој го формира јадрото на турскиот екосистем за мобилност.
Се додава дека ТОГГ како дел од својата визија претставил светски бренд на Саемот „CES 2022“, важно место за средба на технолошкиот свет.

Извршниот директор на ТОГГ, Ѓурџан Каракаш, во таа пригода изјави дека тие не се компанија за класични автомобили.
„Ние се дефинираме како технолошка компанија. Затоа сме на CES, место за средба за најновите иновации и првенци во технологијата. Ние сме технолошка компанија која работи во областа на мобилноста, основана на географско подрачје каде што се среќаваат Истокот и Западот, емоциите и разумот. Во новиот свет, каде што автомобилската индустрија брзо се трансформира во екосистем на мобилност, создаваме решенија за мобилност, ставајќи ги корисниците и податоците во самиот фокус на дејствувањето“, рече Каракаш.
Саемот за потрошувачка електроника „CES 2022“ се одржува од 5 до 7 јануари во Лас Вегас.

Од ТОГГ претходно соопштија дека ќе започнат со пробно производство на автомобили на крајот на јули 2022 година. Компанијата има за цел да произведе електрични спортски автомобили Ц до крајот на 2022 година како дел од масовното производство на возила.
По завршувањето на тестовите за хомологација, првиот спортски автомобил во сегментот Ц ќе биде лансиран на пазарот во првиот квартал од 2023 година.
На 27 декември 2019 година, во долината на технологијата, Гебзе во Турција, се одржа церемонијата „Патот до иновациите“, на која беше претставен прототипот на првиот турски автомобил, уште еден од низата технолошки и индустриски достигнувања на Турција во изминатите две децении.
Во октомври 2021 година, управата на ТОГГ објави дека се извршени сите аеродинамички и аероакустични тестови на автомобилот.