Adem Şalvarcıoğlu
29 Јуни 2018•Ажурирај: 30 Јуни 2018
АНКАРА (АА) - Американскиот производител на авиони „Боинг“ работи на проект за изработка на хиперсоничен авион, кој би се движел со брзина петпати поголема од брзината на звукот, јавува Anadolu Agency (AA).
Според веста што ја објави новинската агенција „Синхуа“, американската компанија за производство на патнички авиони „Боинг“, го промовирала проектот за изработка на хиперсоничен патнички авион, кој би се движел со брзина од околу 6.120 километри на час.
Патот Њујорк - Лондон, кој со стандардни авиони трае 8 часа, со хиперсоничен авион би траел 2 часа.
Во промоцијата на проектот се наведува дека авионот, кој би имал капацитет од 32 патника, се планира да биде изработен во наредните 20-30 години.
Со цел хиперсоничните авиони да ја издржат хиперсоничната брзина на летање, се планира во изработката на надворешната површина на авионот да се користат материјали кои се издржливи на високи температури.
Проектот се развива во соработка со американскиот Институт за аеронаутика и астронаутика во Атланта. Работите околу дизајнот на леталото траеле 6 години.