Abdulselam Durdak
31 Јануари 2022•Ажурирај: 01 Февруари 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - Турска компанија разви нова генерација на стент систем за лекување на срцеви заболувања, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Компанијата „Инвамед-РД Глобал“ го најави системот на коронарен стент „Атлас“ кој лачи лек, што нуди „безбедно и удобно лекување... на коронарни артериски заболувања со својот дизајн и технологија“.
Системот за стент е развиен во кампусот за производство на компанијата во главниот град Анкара.
Коронарните стентови се користат за процедури на ангиопластика за време на кои во артеријата се поставува мрежеста спирала, што може да се прошири за да се отстрани блокадата на протокот на крв во срцевиот мускул.
Главната причина за блокирани артерии е состојбата наречена артеросклероза, која формира наслаги во крвните садови како резултат на акумулација на холестерол и разни клетки.
Ако не се лекува, блокираните артерии можат да резултираат со срцев удар, дури можат да доведат до смрт.
Процедурата се изведува под локална анестезија додека пациентот е буден.
Стентот преку жица за водење на специјално дизајниран балон се носи и се става во целната област. Откако ќе се постави на вистинското место, балонот се дува и се вградува во ѕидот на крвниот сад. Кога балонот ќе се издува и ќе се отстрани, стентот е прикачен за ѕидот на крвниот сад и се создава проток, објаснуваат од „Инвамед-РД Глобал“.
Откако ќе се прикачат на артеријата, биоразградливите PLGA полимерни слоеви овозможуваат контролирано ослободување на сиролимус приближно осум недели, а постоечката наслага се топи за ова време и спречува формирање на нова наслага, додадоа тие.
Комбинацијата на лек-полимер на стентот од новата генерација обезбедува подобар безбедносен профил и импресивни клинички резултати, особено кај групи на пациенти со сложени и предизвикувачки карактеристики, бидејќи значително ја намалува стапката на инстент рестенозата, се вели од турската компанија.