Yusuf Hatip
25 Септември 2018•Ажурирај: 26 Септември 2018
БРИСЕЛ (АА) - Премиерот на Белгија, Шарл Мишел, неговата средба со претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, која се одржа во рамки на 73. Генерално собрание на Обединети нации (ОН), ја опиша како отворена и искрена, и рече дека одлучиле да ги ревитализираат односите со Турција, кои релативно биле успорени, пренесува Anadolu Agency (AA).
Белгискиот весник, „Le Soir“, интервјуто со белгискиот премиер Мишел го објави со насловот „Долгата средба на Ердоган и Мишел во Њујорк“.
Во веста се истакнува тоа што двајцата лидери одржаа долга средба во рамки на Генералното сонрание на ОН и се нагласува дека е постигната согласност за повторно ревитализирање на односите меѓу Анкара и Брисел.
Мишел неговата средба со Ердоган го опиша како отворена и искрена.
„Разменивме мислења околу различни теми. Разговаравме и за геополитичката улога на Турција во Сирија, борба против тероризмот, миграцијата, како и односите на Турција со ЕУ, САД и Русија“, додаде белгискиот премиер.
Мишел нагласи дека изразиле исто мислење во насока на продолжување на соработката во борбата против тероризмот.
„Донесовме одлука за повторно ревитализирање на односите со Турција кои реалитвно беа успорени. Планираме наскоро одржување средби меѓу нашите безбедносни единици. Покрај тоа, повторно ќе ги започнеме трилатералните средби меѓу министрите за правда, надворешни и внатрешни работи на двете земји, кои беа замрзнати по неуспешниот обид за државен удар во Турција“, истакна Мишел.
Белгискиот премиер додаде дека со Ердоган разговарале и за иднината на односите меѓу ЕУ и Турција.