Malik Hasa
01 Октомври 2016•Ажурирај: 02 Октомври 2016
ТИРАНА (АА) - Локалната полициска станица во Кукуш спроведе операција против трговија со луѓе, приведувајќи 4 лица којшто беа фатени при бегство додека транспортирале 15 странски државјани, Сиријци, јавува Anadolu Agency (AA).
„Во текот на операцијата под името „Каскада“ против трговија со луѓе, беа приведени државјаните, жители на Тирана Џерард Маркај (35), Риза Хасани (54), Шефчет Велај (34) и Зечир Бајрами (27) под обвинение за извршено кривично дела - помош и соработка за нелегален премин на граница. Приведувањето е спроведено откако на 30.09.2016 година, на патниот правец Тирана-Кукуш, беа фатени во бегство, транспортирајќи 15 странски државјани од Сирија со своите автомобили, којшто планирале преку зелениот граничен премин да ги превезат во Косово за одредена парична сума“, се вели во официјалното соопштение од полицијата во Кукуш.
Од полицијата се дознава дека Сиријците, којшто од Грција влегле во Албанија, ѝ се предадени на граничната дирекција за понатамошна постапка.
Истражувачките материјали ќе му бидат предадени на Обвинителството за понатамошна истрага.