Bekim Laci
18 Февруари 2016•Ажурирај: 19 Февруари 2016
СКОПЈЕ (АА) - Анализата на осум невладини организации којашто беше презентирана денес, според нејзините изготвувачи за суштинските прашања кои произлегувааат од Пржинскиот договор мора да се спроведат реформи кои ќе гарантираат слободни и демократски избори, јавува Anadolu Agency (AA).
Уранија Пировска од Хелсиншкиот комитет, во својот говор се осврна на работата на Државната изборна комисија (ДИК), која како резултат на Пржинскиот догово претпре промени на нејзините членови, а која ја има обврската за прочистување на избирачкиот список.
Таа рече дека претседателот на ДИК на 17 јануари 2016 изјави дека методологијата за прочисчистување на списоците бара 85 дена, а дека прочистените списоци мора да бидат доставени на разгледување на 5-ти март. Пировска, вели дека во моментов нема информации дали е почнато ажурирањето на избирачкиот список, но иако е почнат ова е направено со 60 дена задоцнување.
Билјана Бејкова од НВО "Инфоцентар", зборуваше во врска со медиумите како основен предуслов за слободни и демократски избори.
Бејкова рече дека во моментов преговорите за политичките партии врз реформите во медиумите не "мрднаа" од нултата точка иако олеснувачот Питер Ван Хауте претходно изјави дека политичките партии предложиле измени и дополнувања на промените на закон за медиумите.
Таа рече дека "недостаток на усогласување на ставовите покажува дека во наредниот период, е многу тешко да се постигнат фундаментални промени во областа на медиумите, што ќе значи дека спроведувањето на препораките од извештајот на Прибе и реформи коишто произлегува од договорот од Пржино".
Фани Каранфиловска - Панова, од Фондацијата Отворено општество, рече дека, земајќи ги во предвид овие заклучоци, во Република Македонија не биле создадени услови за одржување на изборите на 24 април, а особено фактот дека Парламентот се уште нема ставено контрола врз Управата за контраразузнавање, додека притисоците врз Специјалниот обвинителството не се запрени.
Панова излезе со заклучоци во име на невладините организации, каде се наведува дека е " потребен доволен временски период за суштинско чистење на регистарот на гласачите. Итна потреба за договор за регулатива која влијае врз работата на медиумите во информирањето во вистинската насока. Потребно е ставање механизми за контрола на Управата за контраразузнавање од страна на судовите и Собранието, а на специјалното обвинителство да му се овозможи непречена работа ", кажа меѓу другото Панова.
Инаку, меѓународната заедница, односно амбасадорите на САД и Европската унија во земјава во петок треба јавно да соопштат дали во Република Македонија се исполнети услови за одржување на фер и демократски избори на 24 април оваа година.