Faruk Zorlu
28 Мај 2024•Ажурирај: 29 Мај 2024
АНКАРА (АА) - Претседателот на Република Туркије, Реџеп Таип Ердоган, и премиерот на Шпанија, Педро Санчез, разговараа за ситуацијата на Блискиот Исток во време на брутални израелски напади врз Појасот Газа, јавува Анадолу.
Дирекцијата за комуникации на Претседателството на Туркије соопшти дека Ердоган и Санчез синоќа имале телефонски разговор.
„Претседателот Ердоган во разговорот со Санчез му рекол дека израелските масакри врз Палестинците мора да бидат запрени колку што е можно поскоро и дека Израел мора да биде принуден да го почитува меѓународното право“, се вели во соопштението.
Поздравувајќи ја одлуката на Шпанија да ја признае Палестина како држава, турскиот претседател Ердоган, исто така, изрази уверување дека овој чекор ќе го зајакне воспоставувањето мир и правда во регионот, но и напорите за решавање на блискоисточната криза со формирање две држави.
Двајцата лидери разговарале за билатералните односи меѓу Туркије и Шпанија, како и за регионални и глобални прашања.