Fatjon Cuka
02 Јуни 2016•Ажурирај: 02 Јуни 2016
ТИРАНА (АА) - Европскиот комесар за соседска политика и преговори за проширување, Јоханес Хан, преку соопштение повика на што е можно побрзо усвојување на законот за реформи во Албанија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во своето соопштение, објавено од страна на Канцеларијата на делегацијата на ЕУ во Тирана, Хан вели дека го поздравува досега реализираното во однос на правните реформи во Албанија, поддржани од страна на локални и меѓународни експерти како и на Венецијанската комисија.
„Брзото усвојување на реформите и нивното спроведување играат клучна улога. Toa не само што ќе одговори на големата поддршката на јавноста во Албанија за реформа на правосудниот систем, но, исто така, ќе ја означи јасната посветеност кон европските стандарди и процесот на европска интеграција. Сега е важно да се направи и последниот километар и да се обезбеди двотретинско мнозинство потребно за релевантните уставни измени”, истакнува комесарот Хан во своето соопштение.
Тој ги повика партиите, вклучувајќи ја и опозицијата, да најдат компромис во однос на одредени политички прашања, без да се загрози суштината на меѓународно прифатените предлог-реформи.