Berk Kutay Gökmen
10 Април 2025•Ажурирај: 11 Април 2025
Индонезискиот претседател Прабово Субијанто денес ја повика Туркије да соработува со Џакарта за „да се преземе одговорност за креирање нов глобален поредок“, јавува Анадолу.
„(Со Туркије) како лидери на Глобалниот југ, како стратешки партнери, треба да преземеме одговорност за креирање нов глобален поредок“, рече Прабово на заедничката прес-конференција со турскиот претседател Ердоган во главниот град Анкара.
За глобалната геополитичка ситуација, Прабово истакна: „Индонезија и Туркије треба да работат заедно за одржување на глобалниот мир и стабилност“.
„Ќе работиме заедно за да ја поддржиме палестинската независност“, порача тој.
„Двете земји се согласија да ја поддржат стабилноста и мирот во Сирија и Украина“, додаде индонезискиот претседател.
Официјалната посета на Прабово на Туркије започна вчера.
Пред нивната тет-а-тет средба, Ердоган го пречека Прабово во претседателската палата.