Ekipa
10 Мај 2016•Ажурирај: 10 Мај 2016
ЛОНДОН (AA) - Градоначалникот на Лондон Садик Кан не е импресиониран од тврдењата на потенцијалниот републикански кандидат за претседател на САД Доналд Трамп дека кога и да е во прашање забраната на влегување на муслиманите во САД, доколку биде избран за прв човек на Белата куќа ќе направи "исклучок" за новиот градоначелник на Лондон, јавува Anadolu Agency (AA).
Запрашан како таквата политика би се одразила на првиот муслимански градоначелник на Лондон, Трамп изјави "дека секогаш ќе има исклучоци" .
Кан по тој повод изјави дека не се работи за него, туку за неговите пријатели, семејство и секој кој "има слично потекло, било каде во светот".
„Игнорантските погледи на Трамп кон исламот би можеле да ги направат нашите земји помалку безбедни", рече Кан.
Републиканскиот милијарер минатата година повика на тотална и потполна забрана за влегување на муслиманите во САД. Кабинетот кој ја води неговата предизборна кампања, во пишано соопштение ја пренесе неговата изјава во која тврди дека повеќето муслимани во светот ги мразат Американците и дека САД би требале да ги затворат границите за сите муслимани додека американските власти не го решат тој проблем.