Agon Fehmiu
05 Јануари 2016•Ажурирај: 06 Јануари 2016
ПРИШТИНА (АА) - Денес во Приштина беше отворена првата фаза на "Go Alive", пилот-проектот за електронска платформа за јавни набавки, јавува Anadolu Agency (AA).
Претседателот на Регулаторната комисија за јавни набавки (KRPP) Сафет Хоџа, кој официјално го отвори пилот-проектот на електронската платформа на јавните набавки во Косово, кажа дека овој процес се вклучени Регулаторната комисија и 6 договорни органи, вклучувајќи ги министерствата, јавните претпријатија и општините, во текот на наредните 6 месеци ќе се применува во практика оваа платформа, со цел да се тестира нејзината функционалност на косовскиот пазар.
"Платформата е-набавки е многу амбициозен процес, но и софистициран од технички аспект. Таа е амбициозна, бидејќи ги вклучува сите фази на јавна набавка од фазата на планирање на набавките до последната фаза, ревизијата; почнувајќи од е-тендер, е-договор, електронски плаќања, е-следење на договорот и на крај е-ревизија” рече Хоџа.
Косовскиот премиер Иса Мустафа говорејќи на отворањето на овој пилот проект, рече дека се има за цел зголемување на транспарентноста, поефикасна работа и заштеда на јавните пари.
"Јас ценам дека ова е многу важен процес за Косово, тоа е процес во врска со ефикасноста на трошењето на јавните пари, но исто така и на проектите што ги финансираме со јавни пари, како што се оние кои се занимаваат директно со набавките и, исто така, со капитални инвестиции, без разлика дали во буџетските организации, јавните претпријатија или независните агенции во Република Косово ", рече премиерот Мустафа.
Тој додаде дека преку јавните набавки т.е зголемувањето на транспарентноста и конкурентноста во процесот на набавки ќе влијае и на намалувањето на цената и подобар квалитет на проектите што се финансирани со државни пари.
Општото мислење е дека преминот од традиционалните форми за јавни набавки во електронската платформа за јавни набавки "Go Alive" е амбициозен и софистициран проект, не е лесен, но тоа ќе има многу позитивни ефекти во сузбивањето на корупцијата во тендерските процеси и имплементација на проектите финансирани од јавни пари во Косово.