Zülfiya Yakup
17 Март 2016•Ажурирај: 19 Март 2016
ПРИШТИНА (АА) - Во текот на синоќешната ноќ запалени се службени возила во Митровица, Гњилане, Малишево, Пеќ и Урошевац, јавува Anadolu Agency (AA).
Маскирани лица со молотови коктели, синоќа околу 22:00 часот, го запалиле возилото на обвинителот на Специјалното обвинителство, Али Реџа. Сведоци тврдат дека виделе три маскирани лица како го кршат прозорецот на автомобилот и во него фрлаат молотов коктел.
Во Малишево, синоќа е запалено службено возило на Основниот суд, соопштено е од косовската полиција.
Полицијата соопшти и дека синоќа во Гњилане, три непознати лица запалиле возило во сопственост на Министрството за внатрешни работи, паркирано на влезот на Центарот за регистрација на возила. Постои сомневање дека возилото е запалено со молотв коктел.
Во Урошевац е запалено возило на Центарот за социјална работа, додека со молотов коктел синоќа во Пеќ е запалено возило во сопственост на Агенцијата за ветерина и исхрана.
Во инцидентите нема повредени лица.
Полицијата соопшти дека синоќа се оштетени и четири возила на мисијата ЕУЛЕКС.
Полицијата врши истрага во врска со тие инциденти.