Zülfiya Yakup
05 Јануари 2017•Ажурирај: 06 Јануари 2017
ПРИШТИНА (АА) - Хашим Тачи, претседателот на Косово денеска во Приштина се сретна со лидерите на албанските политички партии од Македонија, на кои им честиташе за одржувањето слободни и демократски избори, пренесува Anadolu Agency (AA).
На состанокот со Тачи присуствувале лидерот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети, претседателот на Движењето Беса, Билал Касами и претседателот на Алијанса на Албанците, Зијадин Села. Разговарано е за потребата од добра координација на албанскиот политички фактор, кој има за цел почитување на слободната и демократска волја на албанските граѓани изразена на предвремените парламентарни избори во Македонија, на 11 декември 2016 година.
„Претседателот Тачи им честиташе за однесувањето пред и по изборните резултати, кои треба да го рефлектираат моментот за повторно да се потврдат програмските и стратешките цели на Албанците, кои се во интерес на европската иднина на Македонија", беше соопштено од Претседателството на Косово.
На средбата со претставниците на политичките парламентарни партии во Македонија, изразена е нивната подготвеност за максимално ангажирање за што подобро претставување на интересите на Албанците и за долготраен просперитет и стабилност на Македонија.