Hakan Ceyhan Aydoğan
19 Јануари 2017•Ажурирај: 19 Јануари 2017
МОСКВА (АА) – Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, соопшти дека Соединетите Американски Држави (САД) се поканети на преговорите за Сирија, кои според планираното треба да се одржат во Астана, главниот град на Казахстан, јавува Anadolu Agency (AA).
Лавов на прашањето: „Под кои услови Русија ќе ги покани САД во Астана“, одговори „САД веќе се поканети“.
Се дознава дека заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Михаил Богданов, се сретнал со амбасадорот на САД во Москва, Џон Тефт. На оваа средба, заменик-министерот зборуваше во врска со сириската криза и за преговорите во Астана.
„Претставниците на Обединетите нации и на новата Влада на САД треба да бидат поканети на преговорите во Астана“, истакнал Лавров во една од своите претходни изјави.
Со надеж дека новата влада на Трамп, кој на 20 јануари ќе започне со претседателската функција во САД, ќе има свој претставник во Астана, Лавров посочи дека ова може да биде прва средба меѓу владата на Трамп и Русија во врска со сириското прашање.